Се судрија патничко и товарно возило, има повредени

Сообраќајка се случила синоќа на регионалниот пат Велес – Градско, има повредени, потврдија од СВР Велес за МИА.

– На 21.04.2024 во СВР Велес е пријавено дека во 17.10 часот на  регионалниот пат Велес-Градско, во близина на исклучок за село Црквино, се случила  сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и товарно возило.

Во незгодата има повредени лица кои со возило на ИМП се пренесени во Ургентен центар во Велес.

Сообраќајот е во прекин поради вршење на увид на местото, рекоа доцна синоќа од СВР Велес.

Оттаму не можеа да дадат повеќе детали за сообраќајката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде