Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, особено во западните и јужните делови на земјата.
Ова денеска го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде посочија и дека минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.
„Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец“,соопшти УХМР.
Во Скопје, пак дождот повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер.
„Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени“,соопштија од УХМР.
И во среда и во четврток се очекува времето да биде проследено со пороен дожд и услови за грмежи.
Според прогнозата на УХМР, потоа следи период на стабилно време и повисоки температури.