Две Македонки настапија во дуел во „Ѕвездите на Гранд“ и го украдоа шоуто со своите моќни интерпретации.
Станува збор за скопјанката Андријана Петрушовска (23) и Мелиса Зијадиќ (18) од село Лажани кое се наоѓа во близина на Прилеп, од каде потекнуваат две музики легенди, Јашар и Ипче Ахмедовски.
Единствената од жирито што не даде глас за Петрушовска беше Марија Шерифовиќ, па така таа прва образложи зошто.
Според неа ова бил еден од најдобрите настапи на Мелиса досега, додека на Андријана и порача дека избрала полесен програм, па така своите можности не ги претставила на најдобар начин.
Заради овој коментар се вклучи и Александар Милиќ Мили, менторот на Андријана, кој ја бранеше својата кандидатка и кој потенцираше дека сакаат да покажат забавен програм.
На крајот Мелиса помина во следниот круг, додека Анријана тоа го направи од баражот докажувајќи дека е она што се бара во шоуто.
Извор: Гламур.мк