Две лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен.
– На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон“ со кавадаречки регистарски ознаки,
управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен.
Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило,
се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа од МВР.