Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани, како што долго време најавуваме, од утре 1.5.2024 па во следните денови (вклучувајќи ги и Велигденските празници), територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклон од запад и истиот ќе услови променливо и нестабилно време, со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално и повремено процесите ќе бидат поинтензивни, и застапени во форма на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност.
И во Скопскиот регион од утре, па се до крајот на оваа недела следува променливо и нестабилно време, повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на опаѓање, особено од средината на оваа недела кога ќе бидат под просекот и на повеќе места ќе бидат под 20 степени, понекаде и под 15 степени.
Со овој циклон, поради падот на температурите, и поради спуштање на посвежа воздушна маса од север, повремено на највисоките планински врвови на северозападот не се исклучува и можноста за порвејување на слаб снег.