Двајца моторџии излетале од пат, три лица пренесени во болница

Две сообраќајни несреќи се случиле вчера во која учествувале моторцикли. Во едниот случај со тешки повреди се здобила 23 годишна сопатничка.

На 1.05.2024 во 15 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Вториот случај е во Кочани. Со тешки повреди се здобил возачот, 56 годишен.

На 01.05.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани – брана Гратче, кај место викано ,,Гоцева шума“, мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од В.П.(56) од Кочани, излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.П., констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде