Денес и утре (вторник) во Македонија ќе имаме вистинско пролетно и сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.
Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено утре.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Од среда попладне ни следува нова голема промена на времето, и тоа поради влијание на циклон од Медитеранот.
Детална анализа околу ова следува во следните наши метео објави.