На 60-годишна возраст, почина Методи Каровски, поранешен кошаркар, потоа тренер на млади категории во Кавадарци.
Целата своја играчка кариера, Каровски ја помина во Тиквеш кој во неговата последна сезона како активен кошаркар го носеше името Орка.
Меѓу другото, беше капитен на екипата во која настапуваа тогашните репрезентативци на Македонија: Дејан Јовановски, Илија и Душко Боцевски и Тодор Гечевски и тогаш младиот Горан Самарџиев, од клупата предводени одзаре Марковски.
По завршувањето на играчката кариера, Каровски остана во кошарката, но како тренер на екипи во женска конкуренција.
Како селектор ја предводеше женската младинска репрезентација која ја водеше на Европското првенство Б-дивизија во 2010 година во Кавадарци.