Нашата територија и денес се наоѓа под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од југозапад, која е поврзана со циклонската актиовност со центар над Медитеранот.
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град.
Силно невреме попладнево го зафати гевгелискиот регион.
Невреме проследено со пороен дожд и град попладнево ја погоди Гевгелија. Паѓаше град со големина на орев, објави Славчо Попоски на Фејсбук.