Нова автобуска трагедија: Автобус полн со патници пропадна во река – најмалку 7 загинати 

„Денеска околу еден часот попладне во полиција е пријавено дека патнички автобус паднал од мостот во реката Мојка на улица Болшаја Морска. Во моментот во возилото имало 15 лица, “, се наведува во извештајот.

Судејќи според видеото што го обезбеди изворот на РИА Новости, возачот на автобусот изгубил контрола, удрил во неколку автомобили и паднал од мостот.

Сега екипите за итни случаи ги извлекуваат луѓето од водата.

Како што објасни гувернерот на градот, Александар Беглов, на настраданите им е укажана итна помош. На лице место работат спасувачи, итните служби, како и вработени во градската управа и здравствениот одбор.

Обвинителството на Санкт Петербург го следи расветлувањето на сите околности на инцидентот.

Според РИА Новости, од 15-те патници во автобусот, седуммина се мртви, додека уште четворица се борат за живот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде