Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и ретки грмежи.
Особено нестабилно ќе биде во вторник кога наместа се очекува и појава на краткотрајно невреме. Најсвежо ќе биде во среда, а потоа температурата ќе се покачи.
Прогноза за 14.05.2024
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 13°C до 22°C
Променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме.
Прогноза за 15.05.2024
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 15°C до 20°C
Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Прогноза за 16.05.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.