Пет деца се борат за живот – мајка им ги искапела со средство против паразити – УЖАСНИ ВЕСТИ ОД РОМАНИЈА

Децата од Липница во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано.

Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви.

Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот ѝ го дала бабата на момчето.

Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози.

„Децата се донесени во Ургентниот центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресеа.

Едниот веднаш е префрлен на интензивна нега бидејќи веќе е примен во кома. Состојбата на другите деца донекаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на болницата во Констанца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде