До четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме.
Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.
Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.
Прогноза за 16.05.2024
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
Прогноза за 17.05.2024
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 18.05.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.