Полицијата во Драч заедно со специјалната единица разреши заложничка драма во која како заложницi од страна на татко биле држени две малолетни деца, додека тој пукал со огнено оружје надвор од станот .
По неколкучасовни преговори во станот влегла специјалната единица РЕНЕА и ги ослободила децата, а мажот е уапсен.
Рано утрово околу 02.20 часот полицијата во Драч е известена дека се слушнале истрели во зграда, кои доаѓале од изнајмен стан.
Албанската полиција излегла на местото на настанот и утврдила дека 40-годишен жител на Лежа се забарикадирал во станот и ги држел како заложници своите две малолетни деца, на 6 и 11-годишна возраст и притоа пукал со огнено оружје.
-Полицијата во Драч побарала помош од специјалната единица „РЕНЕА“, бидејќи била потребна специјализирана интервенција за да не се загрози животот на децата во станот и на вработените во полицијата.
На местото на настанот излегла Специјалната единица „РЕНЕА“, која го повикала 40-годишникот да се предаде, но тој продолжил да пука од прозорецот на станот.
По неколкучасовни преговори, од страна на Единицата за преговори при Одделот „РЕНЕА“, а со специјализирана интервенција на нивните единици, во соработка со структурите на ДВП Драч, под високи безбедносни мерки, овозможено е неутрализирање и апсење на албанскиот државјанин А.М. , во чиј стан е пронајдено огнено оружје калашников, рамка со куршуми, како и 18 парчиња накит, соопшти државната полиција на својата Фејсбук страница.