Осомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега, од притворот е превезен со авион од Турција.
Неговата следна дестинција е директно во истражнито затвор Шутка за издржување на мерката притвор.
Палевски по 6 месеци екстрадиционата постапака на релација Македонија – Турција доби зелено осветло да биде превезен.
Тој слета со редовен лет на аеродромот во Скопје.
24Инфо објави фотографија од авионот со кој Палчо слета во Скопје.
Фото: 24info.mk