Од полицијата се огласија во врска со смртниот случај за кој вчера објави адвокатот Јанаки Митровски во Граѓанскиот суд во Скопје.
– На 16. мај (четврток) во 09.25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во Основен граѓански суд, во ходникот на први кат, има починато лице.
Од страна полициски службеници е излезено на местото и е констатирано дека станува збор за Љ.С.(75) од Скопје.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција. Увид бил извршен, соопштија од полицијата.
Митровски претхоно преку објава на својот фејсбук профил сподели за страшното искуство на кое посведочил.