Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на суградица вечерва во југо-западните делови од Македонија.
За делови од Македонија издаден е жолт метео аларм.
Попладне и кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени.
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Славчо Попоски објави дека невреме има во охридско-преспанскиот регион
Во овој момент – НЕВРЕМЕ во Охридско – Преспанскиот регион! , напиша Попоски. Повеќе детали подоцна…