Во ресторанот во Штип каде се случи несреќа со лифт пред неколку часа, во која загина едно лице, а друго се бори за живот, вечерва се одржува свадба, објави Прес 24.
Смртниот случај не ги спречил плановите на газдите да продолжи ресторанот со работа, и одржување на свадбената веселба.
Според информациите на Прес 24, починатото лице е повозрасен маж во пензија кој работел како келнер во угостителскиот објект каде се случила несреќата, а другото лице кое се бори за живот е исто така маж и извршувал работни обврски како келнер во угостителскиот објект.
Двајцата се во роднинска врска. Мажот кој се бори за живот е вработен во ОУ Гоце Делчев во Штип, а во ресторанот работел дополнително.
Од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.