Славчо Попоски утрово со вонредно метео предупредување

Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира, што значи ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предупреди метеорологот Славчо Попоски.

„ Атмосферата поради високите температури, спарното време и топлиот бран од југ е многу загреана  и исполнета со многу енергија, па така локално, особено во западната половина од државава, Пелагониско, како и во делови од северните предели, но и во Скопскиот регион ќе се создадат услови за посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да предизвика локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на граад кој би можел да биде по крупен.

Во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и по крупен град, автомобилите да се заштитат.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени“, објави тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде