По два дена борба за живот, почина 71 годишниот тракторист Благој Талевски од пелагониското село Новаци, кој настрада во сообраќајката со камион што носеше јаглен за РЕК „Битола“, објави zelenaberza.com.mk
Жителите на пелагониската општина Новаци за денес најавуваат протест на сообраќајницата што води низ селото до термоцентралата РЕК „Битола“ , односно на патот Битола-Маково, со блокада за движење на камионите кои сообраќаат кон и од комбинатот.
Несреќата се случи на 17 мај во претпладневните часови, кога според кажувањата на жителите на Новаци, камион што носел јаглен за РЕК „Битола“ го зафатил трактористот со приклучната механизација и го фрлил од коловозот, по што земјоделската машина се превртувала неколку пати.
„ Ова се случи пред мои очи, камионот го престигнуваше тракторот и со задната страна со запна тракторот и го влечкаше единаесеттина метри. Се испреврте тротоарот, а возачот на тракторот остана под тракторот.“, раскажува Александар, очевидец на несреќата.
Повредите за трактористот беа тешки, веднаш беше хоспитализиран во Битолската клиничка болница, но им подлегна на повредите.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор и фото: zelenaberza.com.mk