Во поголем дел од Македонија денеска врнеше пороен дожд, но некои делови беа зафатени од поголемо невреме.
Град со големина на орев паднал околу 17 часот во селата од општина Липково.
Како што информираат граѓани за ТВ21, од градот е причинета мала материјална штета.
Имајќи предвид дека се работи за земјоделски регион, градот предизвика и значителни земјоделски штети.