Силното невреме проследено со пороен дожд предизвика проблеми низ државата.
На територијата на Општина Липково, во селата Липково, Отља, Оризаре и Слупчане во 18.15 часот почна да врне дожд, проследен со ветар и има паднато многу град.
ЦУК известува дека има оштетено земјоделски садници и дека има оштетено автомобили од паднатиот град.
Зголемено е нивото на водостојот на реката во Слупчане и постои ризик за излевање.