Утре и во петок во Македонија ќе имаме постабилна Атмосфера.
Времето ќе биде сончево и топло насекаде со мала локална облачност и со слаб до умерен, а утре особено Долж Повардаието повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.
Сепак во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до околу 30 степени. Во Скопје до околу 28 степени.
За време на викендот се враќа големата нестабилност во Македонија која ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места и локално невреме. Детална анализа околу ова следува во следните наши метео објави.
Метео анализа на Славчо Попоски