ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски композитор, музичар, текстописец

Во очи 37-то издание на “Фолк Фест Валандово”, почина основоположникот на фестивалот Костадин Костадиновски.

Тој беше основач и идеен творец на Еврофест, а меѓудругото во македонската јавност беше познат композитор, музичар, текстописец.

Костадиновски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Белград.

Објавил над 5.000 критики, автор е на неколку стручни книги, меѓу кои монографија за Трајко Прокопиев и „Од блузот до музичката авангарда“, творец на пет фестивали и композитор на педесетина естрадни песни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде