За само неколку часа на територија на СВР-Штип се случија три сообраќајни несреќи.
Во 11:40 часот на стариот, односно регионалниот пат Штип-Велес, во близина на гробиштата кај Три Чешми се преврте возило марка голф, во кое имало две жени. Пренесени се во штипската Клиничка болница и се со телесни повреди.
Од штипската Клиничка болница за МИА информираат дека 42 годишниот работник кој косел трева, на експресниот пат Штип-Кочани, а во кој утринава удри возило марка сета леон е со тешки телесни повреди и е хоспитализиран на КАРИЛ во Клиничка болница-Штип.
Оваа сообраќајна несреќа се случи утринава во 7:40 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Три Чешми.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека во моментов се случила и трета сообраќајна несреќа на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица кај Биглата, во која што според првичните информации има повредено лице. Повеќе детали најави во текот на денот.