ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Гром покоси три деца на плажа

Низ социјалните мрежи се шири снимка од моментот кога гром удрил во тројца малолетници на плажа во Порторико.

Три момчиња (7, 10, 12) од САД стоеле едно до друго на песочната плажа Монтонес де Изабела кога на нив удрил гром и паднале на грб.

На друго видео може да се види како жена му прави реанимација на момчето, додека друга жена и маж им пружаат прва помош на другите две момчиња, пишува Дејли мејл.

Карлос Круз, кој го надгледува управувањето со итни случаи на градот Изабела, изјави за весникот Пример Хора дека еден од родителите отишол да земе шише вода од фрижидерот кога децата ги удрил гром.

„Веднаш по ударот на громот, слушнаа детско врескање“, рече Круз. Децата биле итно пренесени во болница. Седумгодишното момче рече дека нема чувство во нозете, но дека е во стабилна состојба, додека 12-годишното дете е во критична состојба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде