Пациент излегол од возило на Итна помош и бил прегазен од автомобил: Страотна несреќа на автопатот Белград – Ниш

Маж загина денеска околу 17 часот на автопатот Белград – Ниш кај Алексиначки Рудники кога излетал од амбулантно возило и во него удрил друг автомобил.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за психијатриски пациент кој требало да биде сместен на лекување во установа.

„Со возило на Брза помош требаше да биде префрлен во Психијатриската болница во Горња Топоница.

Но, тој се вознемирил и излегол од амбулантата на патот, го удрил автомобил и починал на лице место“ – велат соговорници запознаени со овој случај.

Според неофицијални информации, Брзата помош има регистерски таблички од Крагуевац, а засега нема информации кој автомобил удрил во човекот.

Сообраќајот на оваа делница поради увид беше во прекин 40 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде