Серија земјотреси ја тресат Србија

Во изминатите 12 часа Србија забележа три земјотреси, се вели во извештајот на Сеизмолошкиот завод на Србија.

Првиот земјотрес се случи вечерва околу 3 часот во Соко Бања, со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала.

Утрово во 09:29 часот земјотрес го погоди Косјериќ, со јачина од 1,7 степени.

Два часа подоцна во Мајданпек е регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степени.

Сите земјотреси биле со помал интензитет и не предизвикале значителни штети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде