Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на циклон од запад и од северозапад, денес во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во атмосферата, и тоа токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.
Апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Секако во случај на силен ветер и на појава на крупен град автмобилите да се заштитат.
И во делови од Скопскиот регион денес попладне и навечер ќе има услову за нестабилност и за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.