Во крајните јужни претежно планински подрачја и во подрачјето околу Демир Капија попладнево имаше локална појава на интензивен пороен дожд и грмежи.
До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), засилен ветер и изолирана појава на град, информираат од УХМР.
Моментална состојба со нестабилност, најизразена околу Демир Капија, објавија од УХМР.
Славчо Попоски објави видео од невремето во Демир Капија.
Времето утре ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=7
Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во вторник од западен, а потоа од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.