Полицијата во Италија ги истражува сите околности за несреќата во која вчера животот го загуби 18-месечното девојче Софија пред градинката „Мала Англија“ во Бреша. Девојчето го прегазила баба која со џип „мерцедес“ дошла да го земе внукот прваче.
Трагедијата се случила околу 15 часот и 45 минути, додека малата Софија, држејќи ја за рака баба си, се движела низ паркингот, среќна што оди дома.
Тогаш жената (70) тргнала во рикверц и со задниот дел од џипот ги удрила Софија и нејзината баба. Несреќното девојче завршила под возилото, додека нејзината баба се здобила со повреди на рацете и нозете.
Лекар, родител на дете кое посетува истата образовна институција, веднаш притрчал кон џипот и се обидел да и пружи прва помош на малата Софија. Паркингот беше преполн со родители и деца, бидејќи околу 16 часот главно сите доаѓаат да ги земат своите малечки. Набрзо на местото на несреќата пристигнале и вработените во градинката и сите се обиделе да и помогнат на малата Софија која не давала знаци на живот. Девојчето доживеало срцев удар и, иако успеале да ја оживеат, по пристигнувањето во брзата помош, сепак малото девојче починало.
Нејзината баба во шок и со повреди на екстремитетите е префрлена во болницата Санта Ана, а лекарска помош и била потребна и на бабата која била зад воланот на мерцедесот кој удрил во Софија.
На паркингот од мерцедесот брзо пристигнал сопругот на бабата, кој рекол дека неговата сопруга е во шок.
„Вискаше. Најважно е да се спаси детето, мојата сопруга ќе се опорави од шокот“, рекол тој. За жал, немало помош за девојчето.
Полицијата сега се обидува да утврди како точно се случила трагедијата. Се проверува дали сонцето за момент ја заслепило бабата зад воланот или пак имало проблем со автоматскиот менувач.
Според италијанските медиуми, бабата го паркирала својот мерцедес на место за инвалиди бидејќи паркингот бил полн. Наводно, таа никогаш не го напуштила возилото, за да може повторно да се паркира во случај некому да му треба тој простор. Во еден момент видела празно паркинг место и отишла во рикверц и го свртела воланот налево. Во тој момент ја прегазила Софија.
Од образовната институција не сакаа да даваат изјави за медиумите.
Не се знае дали бабата е приведена по страшната несреќа.