Шејла Зониќ во солзи, Цеца врескаше од среќа: Видео од прогласувањето на победникот на „ЅГ“

Титулата ѕвезда на „Гранд“ годинава и припадна на Шејла Зониќ (30) од Босна и Херцеговина, која во десетте месеци од натпреварувањето ги бранеше боите на избраниците на Цеца Ражнатовиќ.

Шејла на крајот се најде рамо до рамо со македонскиот рокер Мики Секуловски, но според добиените резултати, победила убедливо со 132.047 гласови од публиката.

Кога го слушна нејзиното име, Шејла заплака од среќа, додека менторот Цеца Ражнатовиќ врескаше од среќа, а потоа заедно со сопругот на победничката, Армин, силно ја прегрнале.

Набрзо на сцената на „Ѕвезда Гранда“ се појавија и родителите на Шејла, кои штом ги виде, победничката се расплака.

Како изгледаше најемотивниот момент од финалето на „Ѕвезда Гранда“ погледнете во видеото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде