Во првите два дена од следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура.
Прогноза за 17.06.2024
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. UV=7
Прогноза за 18.06.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови особено во источните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со ретки грмежи. UV=8
Прогноза за 19.06.2024
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. UV=8.