Страотна несреќа го потресе регионот: Четири лица загинаа, има и повредени

Четири лица загинаа утрово во судар на автомобил и автобус во Грција, на патот Ксанти-Токсотес.

Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.

Возилата биле тешко оштетени, а во автобусот имало и повредени патници. Според XanthiNews, шест лица се повредени.

Пожарникарите го сечат возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде