Тажна вест: Почина легендарната светска актерка

Анук Еме, француската актерска икона која се прослави во филмови на Федерико Фелини, Бернардо Бертолучи и Клод Лалуш, почина на 92 години, потврди нејзината ќерка, без да изнесе други детали.

Еме беше номинирана за Оскар за најдобра актерка и за Златен глобус во 1967 за „Еден маж и една жена“ од Лалуш, а значајни улоги оствари и во класиците на Фелини „Осум и половина“ и „Сладок живот“, „Лола“ од Жак Деми и „Трагедија на смешниот човек“ од Бертолучи.

Нејзината кариера започна во 1940-тите, а последниот филм го сними во 2019, остварувајќи повеќе од 80 улоги.

Во интервју од 2007, Еме ја откри тајната на глумата.

„Фелини беше тој кој ме научи на ова: најважната работа е да слушате, само да слушате што другите ликови кажуваат. И не сфаќајте се себеси премногу сериозно“, кажа Еме.

Родена како Жудит Дрејфус, таа имала само 14 години кога била забележана од режисерот Анри Калеф, кој ѝ ја дал улогата на Анук во неговата драма „La maison sous la mer“ во 1947. На предлог на поетот Жак Превер, Еме потоа одлучила да го задржи името Анук. Во следните две децении таа снимила повеќе од 40 филмови, што ја направило препознатливо име во француската кинематографија.

По „Осум и половина“, Еме се преселила во Италија и таму снимила неколку филмови, меѓу кои и „Скок во темнината“, за кој беше прогласена за најдобра актерка на Канскиот фестивал во 1980.

Меѓународна слава ѝ донесе филмот „Еден маж и една жема“, со кој стана првата француска актерка номинирана за Оскар за улога на француски јазик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде