УЖАС: 27-годишен маж го запалил домот на родителите

Дваесет и седумгодишен неготинец со иницијали М.А. доби кривична пријава од полицијата, откако предизвика пожар во домот на неговите родители, и покрај судската забрана да се приближи таму.

Како што информира МВР, тој во повеќе наврати упатил закани на неговите родители,

а по изречена мерка „забрана да се приближува на растојание на 100 метри до домот“ од Основен суд Неготино, во два наврати ја прекршил, а кога отишол во нивниот дом предизвикал пожар.

Мажот се гони за загрозување на сигурноста, две кривични дела предизвикување општа опасност и две кривични дела неизвршување на судска одлука.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде