Meтео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани наши, атмосферата е премногу загреана и тоа поради повеќе дневното присуство на екстремно топлиот бран од Африка, од друга страна продорот на значително посвеж воздух од Атлантикот преку западна и северозападна европа, потоа преку централна европа и Алпскиот регион ќе предизвика формирање на секундарен висински циклон над Средоземјето.
Во ваква ситуација, утре 22,06.2024 во попладневните часови во источна Хрватска, северните и источните предели на Босна и Хрцеговина, како и западна и централна Србија ќе бидат на удар на локални силни временски непогоди, кои дури би можеле да бидат опасни и по човечкиот живот.
Овие временски непогоди ќе се задржат и во недела, како и во почетокот на следната седмица, но со тоа што ќе ги има многу повеќе и на повеќе места на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија.
Од појави ќе има, обилни поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, бурен ветер, како и со појава на крупен град. Да напоменеме дека можни се и штети, како и локални поројни поплавувања.
Апелираме, граѓаните во овие предели , секако и нашите граѓани кои се таму да бидат крајно внимателни, и во случај на појава на силно невреме и на силни електрични пранзења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, а автомобилите во случај на појава на крупен град исто така да се заштитат. Во ваква ситуација, можно е формирање и на Суперќелијски облаци во одредени места од споменатите области.