„Со длабока жалост ја примив веста за прераната трагична смрт…“: Оливер Спасовски се прости од својот голем пријател

Синоќа во Кочани во 62. година од животот почина поранешниот пратеник Миле Андонов.

Во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, Андонов беше дел од пратеничката група на СДСМ, членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а се наоѓаше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет.

Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија.

Голем број пријатели, роднини и сопартијци се простија од поранешниот пратеник во македонското Собрание.

Во шок и неверување последен поздрав испрати и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Со длабока жалост ја примив веста за прераната трагична смрт на мојот другар и сопартиец Миле Андонов.

Андонов даде значен придонес за развојот на Кочани и на Македонија, беше дел од пратеничкиот состав на СДСМ во два мандати од 2008 до 2011 и до 2014 година, секогаш на браникот на социјалдемократијата, борејќи се за напредокот на општеството.

Нека му е вечна слава!, напиша Спасовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде