ТРАГЕДИЈА: Ненадејно почина познатиот македонски новинар

Новинарот Исуф Кадриу, дописник на Радио Слободна Европа (РСЕ) од Скопје, ненадејно почина во неделата на 52-годишна возраст, информираат од РСЕ.

Кадриу известуваше за РСЕ од Скопје од 2002 година и беше едно од најистакнатите имиња во редакцијата на Радио Слободна Европа.

Тој беше и заменик-главен уредник во националната телевизија Алсат во Македонија.

Кадриу зад себе остави сопруга и три деца, но и неизбришливо наследство со неговата работа во РСЕ, известија од редакцијата.

Кадриу бил на годишен одмор со семејството во Албанија.

Новинарот средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана.

Од 2008 година беше заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат во информативната програма.

Исуф Кадриу кариерата ја започнува во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 до 2008 година работи како уредник на вести во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде