Тоа беше катастрофа! Паѓаше град речиси голем како портокал!
Оштетени се повеќе од сто куќи, искршени возила, загинаа и животни, се е во хаос, изјави Никола Томиќ, претседател на општина Осечина, која беше најпогодена од невремето во саботата попладне.
Дури и некои локални жители беа повредени, се изгледаше како апокалипса…
Еден од жителите на Осечина за РТС ја коментира ситуацијата вака:
– Тоа што се случи синоќа – не паметам такво нешто. Штетата е ненормална и како ќе преживеат луѓето, не знам! – рече тој и додаде дека дури 15.000 ќерамиди на неговите соседи се уништени!