Страотни сцени: Силното невреме направи пустош во овој македонски град

Регионот Пијанец – Малеш беше зафатен со нови врнежи од град, а најпогодено е беровско Двориште.

Жители од ова село јавуваат за врнежи од град со големина на орев, а претходно пехчевскиот регион осамна со уништени градинарски посеви, како резултат на врнежите од град од синоќешното невреме.

Славчо Попоски на својот фејсбук профил објави фотографии од невремето во беровско.

Силниот и крупен град попладнево направи многу штети врз земјоделието во с.Двориште, Беровско, напиша Попоски во објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде