ТАЖНА ВЕСТ: Имаше само 41 година, почина познатиот српски музичар

Српскиот музичар Милан Шупут, басист на бројни белградски метал бендови, почина на 41-годишна возраст.

„Милан во изминатите години свиреше и соработуваше со бендовите „Consecration“, „Rain Delay“, „Prematory“, „The Father of Serpents“, „Draconic“, „Sacramental Blood“, „The Hell“…

Важеше за еден од најдобрите бас гитаристи на српската метал сцена. Беше голем љубител на метал музиката, прекрасен човек, секогаш насмеан и позитивен.

Редакцијата на СМП упатува искрено сочувство до семејството на Милан. Почивај во мир пријателе“, стои во објавата на фејсбук-страницата „Српски метал портал“.

Милан Шупут не само што остави музички печат, туку и длабок емотивен и културен печат на српската метал сцена. Неговата страст и посветеност на музиката ќе останат траен дел од сеќавањето на многумина кои го познавале и ценеле.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде