Град со големина на јајце убиваше домашни животни, корнеше кровови

Страотно невреме деновиве беснее и во соседна Србија.

Силното невреме кое зафати дел од општината Осечина предизвика огромни штети во домовите, помошните објекти, земјоделството и домашните животни во село Туѓин, Сирдија, село Осечина, градот Осечина и дел од с. Плужац во Србија.

Штабот за вонредни ситуации на општина Осечина одржа итна телефонска седница и прогласи вонредна состојба во деловите на општината погодени од катастрофата.

Во најбрз можен рок ќе се формираат комисии за проценка на штети.

Градот убивал кокошки

Покрај тоа што градот со големина на јајца уништи фасади, автомобили и нанесе огромни штети на земјоделството, дел од жителите на Осечина во моментот на силното невреме биле надвор, а и самите се здобиле со повреди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде