Силниот ветер и дожд носи се пред себе: Силно невреме го зафати овој македонски град

Олуен ветер проследен со силен дожд и грмежи го зафатија Скопје повторно попладнево.

Како што најавуваа и од УХМР, моментално делови на Скопје се зафатени со ново невреме, па се препорачува граѓаните кои се најдоа на отворено веднаш да се засолнат на затворено, затоа што се очекуваат електрични празнење и поплавени улици.

Еве каква е ситуацијата во скопската населба Ѓорче Петров во моментов:

Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.

Извор: 24Инфо

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде