Страотна несреќа кај Лесковац помеѓу автобус и автомобил, има загинати и повредени

Денеска околу 14:30 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во Качикол на патот Приштина – Лесковац.

При судирна  автобус и автомобил едно лице загинало, а 14 се здобиле со тешки и полесни повреди, пренесе Телеграф.

На повредените им е укажана лекарска помош и нивните животи се надвор од животна опасност.

Повеќе детали најавуваат за подоцна, бидејќи истрагата од сообраќајната полиција е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде