На бројот 112 на Центарот за управување со кризи вечерва било пријавено дека на патот Росоман – Прилеп бил заробен возач во заглавен камион.
Како што соопштија од ЦУК, преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
Пријавителот побара интервенција на ТППЕ Кавадарци, бидејќи според него како очевидец возачот на камионот е заробен во возилото.
Инаку, јавувачот бил известен дека ТППЕ Кавадарци имаат еипа подолу од нивната локација и дека веднаш ќе се упати на местото.
Регионалниот ЦУК Велес го следи случајот и извести дека екипа од ТППЕ со едно противпожарно возило и двајца пожарникари веќе се ушатени на местото на настанот и кога ќе завршат со интервенцијата дополнително ќе известат, се вели во информацијата на ЦУК.