Среќен крај на драмата во Грција: Македонски државјанин ја пронашол малата Марија од Србија

Вчера во познатото грчко туристичко место Неа Флогита, било пронајдено изгубено тригодишно девојче од Србија, по кое претходно беше упатено апел дека е само и дека не може да ги најде своите родители. Девојчето било пронајдено од македонски државјанин, како што пренесуваат српските медиуми.

На објава на Фејсбук групата „Grcka info“ биле оставени преку илјада коментари, а со помош на споделување и на мрежите и на медиумите, биле пронајдени родителите на малата Марија.

– Родителите на малата Марија се пронајдени и се на пат да го земат детето во полициската станица во Неа Мудања. Фала му на Бога што се заврши добро.

Посебна благодарност до прекрасните луѓе кои го пронајдоа детето и ја известија полицијата, а преку нашата група и пошироката јавност. Благодарност до сите што ја споделија оваа вест, стои во објавата на Фејсбук групата, која е позната по тоа што се објавуваат корисни информации, новости, совети и предупредувања за сите што летуваат во Грција.

Како што претходно напиша авторот на оваа објава во коментарите, Марија зборува српски, но не го знаела името на нејзиниот татко, ниту каде живее.

Флогита е село на почетокот на првиот крак Касандра во областа Халкидики и место каде што многу Македонци и Срби одат на летување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде