ВИДЕО Силно невреме попладнево го погоди овој македонски град

Попладнево Валандовскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења како и со локална појава на град.

Силниот ветер кршеше дрвја и ќерамиди, а градот кој паѓаше направи многу штети особено врз земјоделието.

Во продолжение погледнете фотографии од силното невреме, објавени на фејсбук страната Радио Валандово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде