АВТОБУС УДРИ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ Возачот загина, а 20 туристи се повредени – страотна сообраќајна несреќа во Турција

Возач на автобус загина, а 20 руски и белоруски туристи се повредени денеска кога автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија, Турција.

Несреќата се случила кога автобусот, кој требало да превезе руски и белоруски туристи од хотел во Аланија до аеродромот во Анталија, удрил во бетонски столб на влезот на мостот Манавгат, јави турската телевизија НТВ.

Повредените по укажаната прва помош на лице место се пренесени во болница.

Од силината на ударот автобусот бил отфрлен на спореден пат. На местото на настанот се испратени голем број возила на Итната помош, а предниот дел од автобусот е целосно уништен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде