Обид за убиство: Четири лица нападнале и изболе со нож 23 годишно момче
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.М.(38), А.Ф.(18), А.М.(18) и еден малолетник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
На 16.6.2024, по претходно нарушени меѓусебни односи, второпријавениот физички го нападнал Е.И.(23),
а истиот ден пријавените насилно влегле во неговиот дом, физички го нападнале и му нанеле повреда со нож.